Актуелен Миг

Hyundai Tucson  e избран за Автомобилот на годината во Македонија за 2022

Објавено на

Во конкуренција од 8 финалисти кои беа во најтесниот избор за престижната титула, Hyundai Tucson успеа да се искачи на самиот врв.

Националното жири кој по 27. пат го избирише Автомобилот на годината во Македонија, титулата му ја додели на Hyundai Tucson.

Помеѓу 8 финалисти: BMW iX, Dacia Sandero, Honda Jazz, Hyundai Tucson, Kia Sorento, Opel Mokka, Toyota Yaris Cross и Volkswagen ID.3 кои беа избрани од сите нови автомобили кои пристигнаа на нашиот пазар заклучно со 31.12. минатата година, Tucson освои два гласа од жирито исто како и Yaris Cross, а пресуден беше рамноправниот глас кој го доделува публиката на онлајн гласање.

Покрај титулата, жирито за добитник на признанието за електричен автомобил на годината го прогласи Volkswagen ID.3, додека признанието за животно дело „Томислав Биљарац“ кое се доделува за посебен придонес за развој на автомобилизмот, го додели на Зоран Марковски.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.