Во светот
Hyundai NEXO: Нов SUV на горивни ќелии (видео)
На штотуку завршениот CES 2018 кој се одржува во Лас Вегас, Hyundai ја претстави сериската изведба на NEXO. Тоа е еколошки SUV кој користи технологија на горивни ќелии од втората генерација и во кој се вградени елементи на автономно возење.
Да потсетиме: тоа е решение со кое при хемиска реакција на складираниот водород и кислородот од воздухот, која се одвива во посебен модул, се генерира електрична енергија а како продукт од реакцијата се ослободува чиста водена пареа.
Па тоа значи дека е решен проблемот со сеуште прескапите (и претешки батерии), односно проблемот со складирање на електричната енергија се заменува со елегантен и ефикасен генератор.
Токму тоа го тврдат и експертите од Hyundai. Како доказа ја приложуваат првата генерација на горивните ќелии која во 2011 година сериски беше вградена во SUV моделот iX35.
Предрасудите, пак, им ги оставаат на конкурентите кои и по долгогодишни испитувања никако да го пронајдат патот до сериското производство.
Штотуку претставената втора генерација на најчистата автомобилска технологија, прави значаен чекор во унапредување на ефикасноста и практичноста.
Поради истакнување на високите достигнувања, втората генерација на горивни ќелии ќе се вградува во целосно нов SUV кој сугестивно е наречен, NEXO. Иако принципот на работа останува идентичен, целиот систем е оптимизиран а модулот за генерирање на електричната енергија сега е покомпактен а истовремено и поефикасен.
Кога веќе ефикасно е обезбедена погонската електрична енергија, логично изгледа во возилото да бидат имплементирани и серија технолошки решенија кои во голема мера обезбедуваат автономно управување.
Од Hyundai тврдат дека до 2021 година ќе постигнат Level 4 ниво на автономност а тоа значи целосно автоматизирано управување.
Кога постигнувањата на јужно кореанците ќе се погледнат од оваа перспектива, логички се наментува прашањето, зошто еколошки перфектната технологија не добива поширока примена. Објаснувањето е едноставно: за да стапи во интеракција со кислородот од воздухот, складираниот водород треба да биде оддржуван на екстремно ниска температура (cca -250 степени).
Иако во моментот мрежата на станици за водород се шири по неколку правци на Европа, сепак се чини дека на масовната употреба на горивните ќелии малку ќе попричекаме. Не дека се работи за стратегија (!!!) туку едноствно мрежата на пумпни станици не е доволно развиена.
продажните цени за NEXO сеуште не се објавени, реално би било да се очекува побарување од шеесетина илјади евра. Ништо драматично, поготово кога се работи за потрошувачка на екстремно евтин енергенс (водород) кој го има во изобилие а згора на тоа е и еколошки перфектен.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=sGsunyoRkJg&t=7s[/tube]