EV

Hyundai Inster: урбан „струјаш“

Објавено на

 

Hyundai го претстави својот најнов електричен автомобил, Inster, прв суб-комапктен електричен модел на компанијата наменет за европскиот пазар.

Tesla и Volkswagen веќе некое време најавуваат мали електрични модели (Tesla Model 2 и VW ID.2) кои би требало да чинат не повеќе од 25 илјади евра.

Додека најавите се протегаат до 2027 год. (сеуште се во развојна фаза) Hyundai (заедно со дузина кинески брендови) веќе го освојуваат европскиот пазар со EV со цена под 25К евра.

За додатно загорчување на електричниот живот на американско-германскиот тандем тука се и моделите на Stellantis кои имаат нескриени амбиции за настап токму во овој ценовен сегмент.

Интимен и иновативен

Името “” е комбинација од зборовите “интимен” и “иновативен”, што ја одразува неговата поврзаност со дигиталниот начин на живот и технолошкиот напредок.

INSTER се истакнува со својот уникатен дизајн, кој комбинира футуристички и иновативен изглед со пространа внатрешност во тело на компактен SUV.

Со продолжено меѓуоскино растојание (2.580 mm) и нови пропорции, моделот нуди зголемен простор и удобност за патниците.

И покрај компактните димензии (3.825 x 1.610 x 1.575) mm, Inster обезбедува импресивен досег на возење до 355 километри според WLTP стандардите, што е водечки во неговата класа. Овие перформанси исто како и батеријата со капацитет од 49 kWh и погонскиот електромотор со 115 КС се однесуваат на Long Range верзијата.

Во основната изведба капацитетот на батеријата изнесува 42 kWh додека моторот може да испорача максимални 97 КС. Вака опремен симпатичниот градски модел може да „добаци“ до 300 километри.

Стандардна постава

Батерии сместени на подницата од автомобилот и погонски електромотор под поклопецот, во оваа категорија се сметаат за стандардна механичка постава која овозможува најдобра хармонија помеѓу техничките својства и понудата на внатрешен простор.

 

Исто така и можноста за избор на две различни по капацитет батерии и два погонски електромотора, се на очекуваното ниво.

Една од клучните карактеристики на Inster е неговата способност за брзо полнење, при што батеријата може да се наполни од 10% до 80% за околу 30 минути.

Ова го прави идеален за урбани средини и секојдневни патувања. Дополнително, моделот е опремен со напредни безбедносни и технолошки функции, кои обично се наоѓаат во повисоките сегменти на возила.

Inster е дизајниран да биде совршен простор за возачите, нудејќи одлична маневрирање, што го прави идеален за движење низ тесни улици и паркирање во ограничени простори.

Благодарение на рамниот под, флексибилните седишта кои можат целосно да се спуштат и високата силуета, Inster обезбедува изненадувачки голем внатрешен простор за градски автомобил.

Со својот иновативен дизајн, напредни технолошки решенија и водечки досег на возење – според WLTP потрошувачката изнесува само 15.3 kW/100 km – субкомпактниот Hyundai претставува значаен чекор напред во сегментот на компактни електрични возила, нудејќи им на европските потрошувачи нова опција за ефикасна и одржлива мобилност.

На гермаскиот пазар Inster се нуди по цена од 23К евра (без субвенции) за базичниот модел, додека покапацитетната верзија е поскапа за илјада евра.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.