EV
Hyundai i30 N: Мало освежување за спортистот
Спортистот од семејството i30 се наоѓа на средина од животниот век, па Корејците решија да го освежат со мали дизајнерски зафати како и со нов 8-степенски DCT менувач.
За прв пат ознаката осамна во 2007 година во компактот , i30 N за да потоа постепено се воведува и во останатите модели од гамата.
Три години во автомобилскиот живот значат зрелост на моделот, и на некој начин ја означуваат средината од животниот век.
Токму во период на средна доба се наоаѓа и i30 N па затоа стратезите се решија благо да го обноват спортистот. Во механичка смисла тоа значи вградување на нов автоматски DCT менувач кој сега има осум степени на пренос.
Скромните информации говорат и за нов турбо полнач и интеркулер.
Таа интервенција секако ќе резултира со зголемување на максималната силина, но шкртите информации од Кореја не прецизираат бројки.
Сегашниот модел носи 2,0 литарски мотор кој испорачува 275 КС.
Промени се извршени и на датали од маската како и на графиката на предната и задната светлосна група чии LED диоди сега ќе светат многу поостро.
Во друштвото на модели со наставки GTi, RS, R.S. Trophy, Type R, … не е воопшто лесно да се опстане. За сега N одлично се држи.