Видео
(ВИДЕО) Hyundai i20 со монструозни 800 КС
Кога зад управувачот на Hyundai i20 преработен во AP4++ верзија ќе се најде поранешен фабрички возач од калибарот на Хајден Падон, се случуват неверојатни рели ситуации.
Во оригинал тие си ги викаат Hillclimb Racing World што доволно говори за типот на возилата.
Токму во рамки на таа серија, учествува и Хајден Падон со болид наречен Hyundai i20 AP4++ кој на терен испорачува монструозни 800 КС.
За таа цел, турбо моторот од 1.8 литри (300 КС) од серискиот i20 AP4 (го има само во Нов Зеланд) е заменет со 2.1 литарски турбо навијен на рекордни, 800 КС.
За пренос на огромната силина на терен, заменети се голем број механички компоненти и преработена е целата аеродинамика.
Што може во пракса така преработената и20-ка може да се види од неколкуминутното видео. Бонус: како тоа го доживува возачот и што тој гледа, … исто така, … на видеото подолу!