Во светот
Hyundai i10 седан: Ви се допаѓа ли?
Некаде се вика Grand i10 Sedan, некаде Aura, но без оглед на името се работи за новиот Hyundai i10 во седан изведба.
И пред да одговорите на прашањето од насловот, Hyundai Grand i10 Sedan не е предвиден за продажба на развиените пазари, меѓу кои, како регион, спаѓа и нашиот.
Неа ја има главно заради багажникот од 402 литри кои ги овозможува должината на возилото од точно 4 метри.
Другите габарити (широчина 1,68, височина 1,52 и меѓуоскино растојание 2,45 метри) се исти како и хечбек верзијата за овие пазари, која пак е за 13,5 сантиметри подолга од европската – заради тоа е и она Grand во ознаката.
На купувачите на располагање ќе им биде со 1,2 литарски бензинец со 83 KS и 114 Nm, стандардно во комбинацији са 5-степен мануелен, а опционално со 4-степен автоматски менувач.
Оние кои бараат повеќе ќе се одлучат за 1,0 литарскиот T-GDi бензинец со 100 или пак 1,2 литарскиот дизел со 75 коњски сили. Се произведува во Индија, каде цената му започнува од 580.000 рупии, што е околу 6.700 евра.