Трката во Америка заврши – Hyundai Elantra ја освои титулата северноамерикански автомобил на годината.
Таа во финалето ги победи Nissan Sentra како и конкурентот од сопствените редови Genesis G80.
По повод титулата, Корејците истакнаа дека ова е втор пат Elantra да ја освои а трет пат Hyundai како марка.
Без многу изненадување, наградите во останатите две категории – SUV и Truck of the Year отидоа кај Ford, првата за Mustang Mach-E, а втората за Ford F-150.
Овие три награди ги доделува 60-члено жири составено од новинари од САД и Канада.