Во светот
Hyundai Casper пред крајот на годината
И покрај тоа што има широка гама SUV модели, Hyundai планира уште еден помал.
Најверојатно ќе биде наречен Casper и е планиран за претставување пред крајот на годинава, и тоа во варијанти со бензински и електричен мотор.
Hyundai го развива под кодната ознака AX-1, која асоцира на класата на која ќе припаѓа, што значи дека ќе биде значително помал од Venue и Bayon.
Базиран на K1 платформата која ја користи i10, се очекува да има должина од само 3,6 метри, со што ќе им конкурира на Suzuki Ignis, Renault Kwid и сличните на нив.
Некои извори тврдат дека е можно да биде лансиран и под ознаките на Kia, но засега за такво нешто нема ниту збор од корејската компанија.