EV
Hyundai со сервисен повик за моделот i30
Европската комисија будно ги прати појавите на карактеристични дефекти во возилата и им наредува на производителите да ја поправат евентуалната грешка со сервисни интервенции.
Погодени со оваа сервисна акција се автомобилите продадени на Европскиот пазар, произведени од мај 2007 до мај 2012 година. Сите возила потекнуваат од фабриката во Кореја.
Предупредувањето за можниот проблем доаѓа од сопственици и сервисери од Португалија, а слични проблеми се забележани и кај возила продадени во Германија, Ирска, Полска и Словенија.
Во објаснувањето на Европската комисија за безбедност на непрехрамбени производи се вели: „Возилата може да имаат електричен краток спој на модулот за ABS/ESC, што може да го оневозможи дејствувањето на овие системи. Ова ќе ја наруши ефикасноста на сопирањето на возилото, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.
Со оглед на популарноста на моделот можно е вакви возила да биле продадени и на други пазари во Европа. За жал, бидејќи Македонија не е дел од ЕУ, за ваквите сервисни информации не се опфатени потрошувачите од нашата земја.
А токму продажбата на оваа серија возила се совпаѓа со „златниот период“ на Hyundai i30 на нашиот пазар.
P.S. Службената информацијата може да најде под: Notification_A12_00827_20_en