Токму во клучниот момент кога ја туркаше електрификацијата во новоформираната марка Ioniq, Hyundai мораше да ги повлече од пазарот сите произведени примероци на Kona Electric.
Причината воопшто не е наивна – опасноста од пожар која се јави кај батериите произведени од LG не смее да се занемарува.
Заради тоа, после неуспешната надградба на софтверот и дваесеттината изгорени возила, следеше ваква одлука.
Таа нималку нема да ги израдува 82-те илјади сопственици на електричната Kona колку што ги има од 2017-тата наваму, но беше неизбежна.
Замената на батериите на овој модел ќе го чини Hyundai 900 милиони долари, што е скоро половина од ланската глобална заработка на корејскиот производител.