Дигитализацијата скоро во целост ги исфрли копчињата од централната конзола.
Сега, според барањето за регистрација на патентот што Hyundai го има поднесено во Германија, на ред за исфрлање на копчињата и од управувачот.
Трендовите се јасни – модерните автомобили имаат сé повеќе и сé поголеми екрани, а тоа на возачите, колку и да не е практично, им се допаѓа.
Оваа идејата Hyundai ја примени кај концептот Genesis Mint кој го покажа уште пред две години, но таа тогаш не привлече внимание.
Сега очигледно времињата се други и корејскиот производител реши да отиде чекор подалеку, но не и да ја информира јавноста за тоа.
Затоа засега ќе останат сите дилеми околу овој виртуелен мултифункционален управувач, како и тоа каде е сместено воздушното перниче.