Во светот
Hyundai го најави Ioniq 5 [4*видео]
Електричниот SUV кој ќе пристигне наскоро ќе биде прв од новото Ioniq семејство на Hyundai.
До премиерата остана само уште еден месец – време е за прво блиц-запознавање со големиот новитет на Корејците.
Како предводник на новата марка наменски издвоена за електрични возила, ќе биде прв кој ќе ја користи специјално развиената E-GMP платформа.
Таа има батерии сместени во подот и главен електромотор назад, на кој во случајов му помага уште еден кој ги задвижува и предните тркала.
Место тоа од Hyundai наведуваат дека за само 5 минути батериите можат да се дополнат за поминување 100 километри, а Ioniq 5 може да служи како подвижен извор на струја од 110/220 V и 3,5 kW.
За чекор поголем од Kona, тој има изглед сосема различен од останатата гама на Hyundai, за кој Корејците се надеваат дека ќе им биде привлечен на купувачите на кои ќе им биде достапен уште годинава.