EV
Hyundai би ја прекинал соработката со Rimac
Се подготвува ли Hyundai Motor да ја прекине соработката со Rimac како резултат на продлабочувањето на врските на хрватската компанија со Porsche?
Корејците во 2019 година вложија 80 милиони евра во Rimac со што се стекнаа со 12 отсто од акциите на хрватскиот специјалист за електрични возила.
Корејците на тоа не реагираа но очекувано се поставуваше прашањето дали овој потег ќе ги закомплицира меѓусебните односи или не.
Сé досега немаше сигнали дека Hyundai му замерува на Мате Римац за променетата стратегија за раст на компанијата, но изгледа повеќе не е така.
Римац демантира дека зголеменото влијание на Porsche предизвикува раздор со Hyundai, тврдејќи дури дека добил поддршка од нив во трансформацијата на компанијата.
Сепак останува нејасно што ќе се случува со започнатите или планираните заеднички проекти во иднина.