Во светот

Hurtan Grand Albaycin: Од убаво, поубаво

Објавено на

 

Шпанската работилница за каросерикси преработки го прецрта популарниот родстер, Mazda MX-5 и го нарече Grand Albaycin.

Хуан Хуртадо (Juan Hurtado) има истенчен вкус за убавото. Својата пасија кон автомобилите, а поготово кон конструирање на сопствени модели тој ја остварува со преработка на каросериите на популарни модели.

Со седиште во Гранада (Шпанија) компанијата е наречена Hurtan а тој ја води заедно со своите два сина.

Во суштина неговите преработки за базираат на високо-технолошки модели на кој им подарува изглед на ретро модели, но секогаш видени од негова естетска перспектива.

Последен во низата импресивни родстери е моделот Grand Albaycin кој не е ништо друго него Mazda MX-5 на која темелно и е сменета облеката.

Промената на одеждата заедно со додатоците и времето проведено во работилница, ја удвостручува редовната цена на легендарната Mazda.

Како сето тоа изгледа може да се види од неколкуте приложени фотки. Искрено, нам ни остави одличен впечаток.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.