Во светот
Huawei повлече нога
Речено-сторено – Huawei ќе започне со продажба на електрични автомобили во своите продавници.
Кинескиот електронски гигант Huawei се договори со компанијата Seres да го пласира нивниот електричен SUV модел со ознака SF5, засега само во некои делови на Кина.
Технологијата која Huawei ја нарече DriveONE Three-in-One Electric Drive придонесува за спортски перформанси кои се докажуваат со забрзувањето до 100 километри на час за 4,7 секунди.
Се работи за возило големо колку Mercedes GLC опремено со 1,5 литарски бензински мотор кој работи како генератор за зголемување на автономијата, а може да напојува и надворешни уреди и други возила.
Ќе биде на располагање со погон само на предните или сите четири тркала, а дека е опремено со најновите конективни можности не треба да споменуваме.