EV
Honda e Concept: трасирање на патот
Електричниот концепт на Honda јасно го прикажува патот по кој ќе се движат сите идни модели на марката од „А“ и „Б“ сегментот.
Досегашнотот одложување на сериското производство и тајмингот на пласирање на електричните возила веројатно се должи на прагматичната јапонска филозофија на пристап, но не е исклучен и практичниот момент – чекање на поевтинивање на батериите.
Honda e Concept е изграден врз нова платформа врз која се базираат идните електрични модели од „А“ и „Б“ сегментот. Првично ќе биде претставено мало градско возило со погон на заден погон, а во наредниот период се планираат и спортска како и „бокс“ (коцкеста) изведби.
Токму задниот погон е основа врз која Honda ја гради стратегијата за забава при возење. Дизајнерскиот аспект ни открива ретро естетски елементи кои се комбинираат со дигитални команди и иструменти.
Од штурите информации што ги лиферува Honda можеме да заклучиме дека комбинацијата на облик од минатото и содржина од иднината прилично добро функционираат.
Поготово кога се знае дека градското возилце има автономија од 200 километри, а приклучен на брз полнач, до вредност од 80%, батериите се полнат за половина час. Со овие својства Honda ќе може да ги исполни очекувањета на широк број консументи од европскиот континент.