Во светот

Honda Civic Sedan без маска

Објавено на

 

Лани при крајот на годината, Honda го претстави прототипот на новиот Civic за кој беше кажано дека има многу близок изглед до серискиот модел.

Сега во очекување на премиерата, од Кина пристигнаа првите негови фотографии, но на верзијата за тамошниот пазар, која навистина скоро по ништо не се разликува од прототипот.

Кинескиот Civic седан е долг 4.674 mm, широк 1.802, висок 1.415 и има меѓуоскино растојание од 2.735 mm, a се опремува со 1,5 литарски турбо бензинец со 182 KS.

Познавачите веднаш ќе забележат дека должината и меѓуоскиното растојание се зголемени за некој сантиметар, а моторот е ист како и моделот од десеттата генерација.

За оваа нова 11-та генерација од Honda велат дека ќе се го подигне нивото во поглед на перформансите, безбедноста и напредните технологии во класата.

Што се однесува до изгледот, се забележува ублажување на досегашниот дизајнерски приод со стилски елементи налик на новиот Jazz.

За повеќ детали, ќе треба да почекаме до официјалната презентација.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.