Во светот
Honda тивко ја прекина продажбата на NSX во Австралија
Австралиската филија на Honda го исфрли спортскиот NSX од својот ценовник без никаква најава.
Не ни требаше да најавува – причината е продажбата која годинава изнесуваше нула примероци.
Така е заради цената од 420.000 австралиски долари (253 илјади евра, 300 илјади американски долари), која е толкава заради високите давачки што земјата ги има за вакви автомобили.
Како резултат на тоа, Honda NSX лани беше интересна за тројца купувачи, а во претходните три години за по двајца.
Поинаку кажано, од своето лансирање досега во Австралија се испорачани само девет примероци на овој спортист кој се произведува во САД.
Колку за информација, таму неговата цена изнесува 157.500 долари, а во Германија чини 169.900 евра.
Во истиот период 2016-2019 во Европа се продадени 207, а во САД 1.258 примероци од NSX.