EV
Honda со три Red Dot награди
Хибридните Jazz и Jazz Crosstar и скутерот Forza 750 на Honda се наградени со доста ценетите Red Dot признанија за 2021 година во категоријата дизајн на производите.
За нив одлучува жири од 50 меѓународни стручњаци кои тестираат, оценуваат и дискутираат за секој аспект за дизајнот и иновациите.
Критериумите за оценување се преиспитуваат и прилагодуваат секоја година наново за да бидат одраз на најновите технички, општествени, економски и еколошки барања.