Во светот

Honda се повлекува од Русија!

Објавено на

 

Јапонската компанијата која мака мачи како да се позиционира на европскиот пазар, објави шокантно соопштение.

Во кратката вест се известува дека од 2022 година автомобилите на Honda повеќе нема да се продаваат на рускиот пазар.

Влијанието на оваа одлука може да биде поголемо бидејќи, теоретски гледано, може да ги навестува идните одлуки на компанијата за поширокото присуство во европскиот регион во кој сега административно спаѓа и Русија.

Сепак засега сé е локализирано бидејќи рускиот пазар според ништо не може да се мери или споредува со европскиот – Honda таму е присутна со само два модела, CR-V и американскиот Pilot.

Како и да е, Honda од наредната 2022 година ќе прекине да ги продава своите автомобили во Русија, додека мотоциклите и другите производи ќе останат.

Официјално до ова е дојдено како резултат на напорите на компанијата за преструктуирање на работењето, а сервисната поддршка за дотогаш продадените возила ќе биде обезбедена.

Треба да се спомене и тоа дека за разлика од на пример Toyota и Nissan, Honda нема своја фабрика во Русија.

Плус на тоа, продажбата е катастрофално ниска, така што прашање е и зошто досега не е донесена ваква одлука.

За периодот јануари-ноември 2020-та на купувачите во оваа земја се испорачани едвај 1.383 автомобили, што е безначаен удел на пазарот кој во истиот период изнесуваше повеќе од 1,3 милиони нови возила.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.