Авто Спорт
Honda излегува од формула 1
Како од гром од ведро небо од Јапонија пристигна изненадувачка вест дека Honda ќе ја напушти Формула 1 после крајот на сезоната 2021.
Како што наведува во своето соопштение јапонскиот производител, целта на компанијата е со повеќе ресурси да се посвети на електрификацијата.
Јапонскиот производител во формула 1 се врати во 2019-тата, кога победи во Австрија, Германија и Бразил, додека годинава славеше на Силверстоун и Монца.
Сепак и покрај ваквиот ветувачки почеток, Honda не сака да остане во формула 1 заради сé поголемите трошоци за развој поврзани со претстојните измени на правилата за идните сезони.