Видео
Honda го претстави европскиот Civic [4*видео]
После скоро цела година, Honda конечно го претстави новиот Civic и за европскиот пазар.
Изгледот на новата, 11-та генерација на Honda Civic веќе добро ни е познат – измени во однос на американската верзија скоро и да нема.
Истото важи и за внатрешноста, во која европските купувачи ќе ги дочека поголем простор добиен со зголеменото меѓуоскино растојание.
Она што нема да ги дочека се дизел моторите кои веќе ги нема, но ги нема исто така и класичните бензинци бидејќи ќе се нуди само во хибридно издание.
Батериите сместени под задните седишта овозможуваат возење и во чисто електричен режим, исто како и кај останатите хибридни модели во гамата.
Новиот Civic во европските продажни салони на Honda ќе пристигне наесен, кога ќе бидат познати и цените.
Затоа што едно видео вреди повеќе од илјада фотки, ви предлагаме да ги погледнете сите 4.