Во светот
Hispano Suiza Carmen со стил од 30-тите и 1.005 КС
Електричниот хипер спортски автомобил ќе биде изграден само во 19 примероци.
Шпанскиот произво
CARMEN е името на импресивната појава изградена во стил на 30-тите години на минатиот век. Тој изглед со ништо не ја најавува врвната технолгија вгардена во автомобилот со прекрасно женско име.
Додуша овој облик беше подолго време најавуван пеку разни тизери, но малкумина беа склони да веруваат дека и сериската верзија ќе изгледа толку импресивно.
Од техникалиите, засега е познато дека најновиот Hispano Suiza (н.з. Шпанија Швајцарија) ќе биде придвижуван од два електромотори сместени на двете задни тркала.
Доколку педалот за гас не се притиска цело време до крај, тогаш автономијата изнесува околу 400 km. Во однос на конкурентите, Tesla Model S или Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, кои тежат по околу 2.5 тона, Hispano Suiza Carmen на вага покажува само 1.690 kg.
Тоа е различно од мноштвото електрични спортисти кои имаат погон на двете оски, но токму и затоа Carmen е уникат. Таа уникатност додатно се појачува со продукција на само 19 примероци кои ќе се продаваат по цена од … (непристојно е да се каже, нели!?)
Специфичниот облик веќе предизвикува контроверзи, но сепак се работи за уникат кој баш и не мора да се допадне секому.