Во светот
H2X Snowy: Ќе доживее ли Австралија повторно да има автомобилска индустрија?
По затворањето на фабриките на Holden, Австралија остана без автомобилска индустрија. Дали е на повидок враќање на мапата на производители?
Зад проектот стои Брендан Норман, поранешен менаџер на BMW и Volkswagen во Австралија.
Неговата фирмата наречена H2X веќе започна со развој на разни возила користејќи технологии кои ќе бидат набавени од други производители – платформи, горивни ќелии, батерии …
Тој најави дека првите прототипи ќе бидат премиерно претставени уште во ноември оваа година, додека производството ќе започне налето идната 2021-ва.
Тој ќе биде кросовер со ознака Snowy и ќе има систем горивни ќелии од 60 kW и електромотори од 190 kW.
Норман планира неговата компанија во 2025 година да вработува 5.000 луѓе и да произведува околу 25.000 возила годишно.
Тие освен во Австралија би се продавале и на некои пазари во Азија, а можеби и во Европа.
Во моментов таму работат 70 вработени, а планирано е производство и на трактори и друга земјоделска механизација со погон на водород.