Во светот

Grandland X Hybrid4: Opel отсега и со 4×4 хибридна верзија

Објавено на

Опеловиот SUV  со средна големина во иднина, освен на бензин, ќе може да се движи и само со помошта на два електромотори вградени на предната и задната оска.

Во принцип SUV актерите имаат можноста за 4×4 погон. Се до сега од тоа задоволство беа лишени претставниците на PSA групацијата.

Едноставно, платформите врз кои се изградени нивните модели немаат технички можности за придвижување на двете оски.

Овде не се работи за инженерски проспуст туку тоа е дел од глобалниот план на групацијата.

Во нивната проекција стои дека капацитетен 4×4 погон ќе се постигне со вградување на електромотор на задната оска кој во соработка со класичниот бензинец ќе ја обезбедува потребната проодност при отежнати патни услови.

И не само тоа, сега во Grandland X Hybrid4, Opel вградува по еден електромотор на двете оски овозможувајќи интегралниот погон да се одвива без вклучување на моторот со внатрешно согорување.

Погледот во техничките податоци разјаснува многу: бензискиот турбо мотор од 1.6 литри е посебно конструиран за работа во хибридни системи.

Со расположивите 200 КС има што да каже и кога работи без помош од електриката.

Двата електромотори од кои предниот испорачува 110 а задниот 113 КС, енергијата ја примаат од батерија со капацитет од 13.2 kWh.

Кога батеријата е полна, Grandland X Hybrid4 може да помине до 59 километри без притоа да побара помош од бензинецот.

Ако ситуација налага потреба од зголемена силина, се вклучуваат сите капацитети при што се испорачува системска силина од 300 КС.  Инаку извонредната економичност се огледа во мудрото менаџирање со енергијата при што работи само задниот електромотор кој преку дифернецијал ја придвижува задната оска.

Вклучувањето на предниот електромотор е само по потреба. Бенизнецот аедно со предниот електромотор, силината на предните тркала ја испорачуваат преку осум-степенска автоматика.

Преку четирите програми “Electric“, “Hybrid“, “All-Wheel Drive“ и “Sport“, возачот го бира начинот на кој ќе се движи возилото.

Самото именување на модовите доволно говори за задолженијата на моторите.

За да некој случајно не се посомнева во перформансите, максималната брзина изнесува 235 км/ч, додека пак кога возилото се движи само само на електрика, маскималната брзина е ограничена на 135 км/ч.

Само уште да додадеме дека електромоторите ги користат инерцијалните сили и сопирањето за додатно генерирање на електрична енергија.

Грижата за сочувување на електричната енергија во реони каде што е дозволено движење само со нулто загадување ја води системот „E-Save“. Ова е накратко начинот на кој Opel (односно целата PSA групација) ќе одговори на предизвикот наречен, драматично намалување на емисија на штетниот CO2 .

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Opel service

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.