EV
Golf број 1 во Европа и во 2020-тата
И покрај лошиот старт на почетокот на годината, Golf го засили темпото и успеа да го поврати своето место како најпродаван автомобил во Европа.
Volkswagen го претстави осмиот по ред Golf во октомври минатата година, правејќи со него големи чекори во технологиите, конективноста и воопшто дигитализацијата.
Токму со тоа на почетокот и имаше проблеми кои се надоврзаа со парализирањето на продажбата од корона-кризата, но сепак во втората половина од годината Golf успеа да го фати темпото.
Значаен удел во засиленоста на продажбата имаа и хибридните модели, кои според податоците на VW учествуваат со една третина.