Во светот

GM оваа есен ќе го претстави електричниот Hummer – ветува супер пикап со импресивни перформанси

Објавено на

 

Електричниот пикап под хаубата ќе има илјада електрични коњи и ветува забрзување до 60 милји за 3 секунди. GM Hummer ќе има и две SUV верзии.

GM повторно го враќа Hummer во игра. Овој пат не како војник туку како повеќенаменско возило со нулта емисија на штетни гасови.

Под закрила на GMC, која во рамки на GM групацијата е задолжена за производство на пикап возила од потешките категории, есенва се очекува службено претставување на електричниот Hummer.

Ќе има инсталирано електричен мотор од 1.000 КС и вртежен момент од цели 15.600 Nm. Енормниот вртежен момент ќе му овозможи пристигнување до првите 60 милји/час (96.6 км/ч) во само три секунди.

Кому ќе му е потребен пикап со такви перформанси? Одговорот од GM е очекуван: на пазарот веќе се присутни Tesla Cybertruck, Jeep Gladiator, Ford Bronco  а набргу се очекува R1T electric pickup од Американската стартап компанија, Rivian.

Моќно друштво од електрично гонети камионети кои без никакви дилеми ќе ја одбележат иднината на најпопуларната класа во Америка.

Додатни адути на GMC Hammer во престојната војна ќе биде понудата на различни по големина SUV верзии кои ќе бидат изградени врз истите механички основи.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.