EV
Geometry EX3 – електричен SUV за само 7.900 евра
Марката Geometry која Geely ја лансираше во 2019 година претстави електричен SUV со неверојатно ниска цена.
Моделот наречен EX3 кој спаѓа во Б-класата веќе е во претпродажба, и тоа со стартна цена од само 59.700 јуани односно 7.900 евра.
Затоа пак, како велат од Кина, немало компромиси со неговата практичност и тој може да се пофали со просторна кабина во која можат да се сместат пет патници.
Во внатрешноста се распоредени вкупно 26 места за одложување ситници, а во багажникот има место за дури 500 литри багаж, која двојно се зголемува со соборување на задната клупа.
Ентериерот изгледа модерно, а за погон се задолжени електромотор со 95 KS и водено ладени батерии од 37 kWh кои обезбедуваат автономија од 320 km.
Најинтересното во оваа вест е што Geely планира возилата од оваа марка во иднина да ги извезува, но не ги објавуваат плановите каде.