Во светот
Genesis Mint Concept: Електричен луксуз за градски метеж
На интернационална автомобилска претстава во Њујорк, Genesis се претстави со атипичен примерок за брендот. Во концептот Mint јужнокорејскиот премиум бренд се претстави со мал електричен автомобил наменет само за градски метеж.
Производителите не бираат место и посебна причина за да си ги покажат електричните визии кои веќе утре може да се најдат на патиштата.
Мотовите за префрлање на електричен погон се јасни – намалување на просечната емисија на издувните гасови.
Добрата вест од принудениот пристап е што на располагање се ставаат оригинални идеи и решенија кои значајно отстапуваат од возилата со класичен погон.
Mint е типичен претставник на корејската академија за висока технологија. Ако знаеме дека во моментот Genesis, како премиум бренд од Hyundai групацијата, произведува модели изработени според највисоките луксузни критериуми (G70, G80, G90), јасно е дека и нивниот прв „мал“ модел ги следи истите тие премиси.
Во суштина говориме за двовратен двосед во кој багажникот е сместен зад предните седишта. Не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека името “Mint” воопшто не одговара на перцепцијата за вкусот на возилото.
Ако малку подолго се задржиме на деталите, ќе забележиме оригиналност во секој употребен елемент.
Иако техничките детали се вешто избегнати (не се знае точно какви батерии ќе бидат употребени во сериската верзија) првично е соопштено дека се работи за автономија од околу 330 km и можност за брзо и „обично“ полнење на батериите.
Во секој случај треба да се има на ум дека Genesis Mint првенствено ќе има улога да превезува патници низ урбани средини. Без никаков сомнеж тоа ќе го прави во висок стил.