Во светот

Genesis G90: Освежување на знаменосецот

Објавено на

Точно пред една година беше концепетно претставен рестилизираниот Genesis G90, а сега веќе е во салоните ширум Америка.

Genesis е лусузен бренд на Hyundai – идентично како што е Lexus на Toyota – а моделот G90 е врвен модел во понудата.

Генерацијата која веќе е на заминување беше развиена со јасна цел пред себе, да конкурира на S-Class на Mercedes.

Како асоцирање на синонимот за луксуз, Genesis G90 имаше слични пропорции но и стилски елементи кои недвосмислено упатуваа на идолот.

Потоа беа претставени и помалите браќа кои аналогно се нарекуваат G80 и G70. Но за разлика од прво претставениот модел, тие беа дизајнирани од дизајнерска екипа водена од Лук Донкерволке (Luc Donckerwolke).

Токму нему му се припишуваат и драматичните промени воведени со редизајнот на G90. Површниот поглед на новиот стил кој го носи знаменосецот на марката, открива целосно нов пристап – како во надворешноста така и во организацијата на ентериерот.

Константа останува употребата на врвни материјали кои се обработени според највисоките важечки станадарди за луксуз.

Строго е водена сметка и за конципирање на безбедносната и конективната технологија, така да во тој сегмент воопшто не е оставено место за било какви додатни опции.

Како што и приличи на луксузната класа, воведувањето на новини, за пример може да послужат врвната акустиката и елиминирањето на било какви звуци и шумови, што е ниво очекувано од првиот генерал на флотата.

За илустрација нека послужи примерот на случај кога возилото влегува во тунел, аудио системот продуцира звук со фрекфенција која ги елиминира тие шумови.

Во поглед на безбедноста, вградувањето на 10 воздушни перници е очекувано, но радарот поставен на задната страна (напред имаше и претходната верзија) е новина која предупредувањата за можна опасност ги подигнува на највисоко ниво.

Механичката постава е стандардна – 6 и 8 цилиндерски бензинци од кои помалиот е со турбо полнач додека поголемиот по волумен е мотор со природно аспирација.

V6 моторот (познат од Kia Stinger) од 3.3 литри испорачува 365 КС и 510 Nm додека атмосферскиот V8 од пет литари волумен ослободува 420 КС и 520 Nm.

Двете моторни опции примарно силината ја испорачуваат на задната оска а се поврзани преку 8-степенска автоматика.

Опциите со погон на двете оски како и електрификација на погонските единици набргу се очекуваат во понудата со што и реалната потрошувачка (како и штетниот CO2) би требало да опадне. Основната верзија на Американскиот пазар се нуди за неполни 70 илјади евра.

Првиот SUV преставник со беџот на Genesis веќе е најавен во концептна верзија, која најверојатно веднаш ќе влезе и во сериско производство. Стратегијата која успешно ја спроведоа Јапонските производители, а која се покажа делотворна, сега ја повторуваат и нивните соседи.

 

 

 

Напишано од Агрон Сулејман

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.