Во светот

Genesis претстави елегантно купе

Објавено на

 

Корејците повторно ја имаат вистинската работа – Genesis го претстави елегантниот X Speedium Coupe.

Сите кои мислеа дека корејската луксузна марка нема да опстане, се излажаа – Genesis буквално граби напред со висок ритам и чекори од седум милји.

Гамата е сé побогата, а во иднина ќе биде уште повеќе, како што најавува фастбек моделот концептно наречен X Speedium Coupe.

Еволуција е на ланскиот X Coupe, при што најголема новост е задниот дел каде линијата на покривот е развлечена до крај.

Напред останува препознатливата маска опкружена со дневните светла кои продолжуваат сé до работ на вратите на автомобилот.

Сето ова треба да биде најава на новиот дизајнерски израз кој ќе биде употребен кај претстоечките електрични модели.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.