EV
General Motors и Ford добија наредба да произведуваат респиратори
Со прилично остар тон Американскиот претседател Трамп, им се обрати на раководствата на General Motors и Ford наредувајќи им да ги отворат фабриките и да отпочнат производство на респиратори.
Згора на тоа, секоја држава мора да се потпира само на сопствените капацитети, па нема кому да се обратат за помош во санирањето на последиците кои ги предизвикува опасниот вирус.
Во сеопшта трка за обезбедување на респиратори кои им се преку потребни на покритичните пациенти, претседателот Трамп им се обрати на водечките луѓе на General Motors и Ford.
„Отворете ги фабриките и веднаш почнете со производство на респиратори“ – гласеше пораката на Трамп објавена на социјалните мрежи.
Инаку, минатата недела Volkswagen ги стави на располагање своите капацитети за производство токму на респиратори кои му се преку потребни на Германското здравство во борба со коронавирусот!