EV
General Motors во Европа ќе продава електрични велосипеди
По продажбата на Opel, автомобилџиите од General Motors се повлекоа од европскиот пазар. Сега повторно се враќаат и тоа со продажба на – електрични велосипеди.
За сега понудата ќе биде ограничена на два модела. Meld е компактна верзија на велосипед, додека Merge е склоплив модел кој може да се смести во автомобил.
Од GM истакнуваат дека при создавање на двата модела со свои предлози и визии активно учествувале и купувачите.
Електричниот погон на двата велосипеди е идентичен, тој нуди четири степени на асистенција при што во најслиниот мод овозможува максимална брзина од 25 км/ч. Со едно полнење, кое трае околу 3.5 часа „точакот“ може да помине максимални 64 км.
За ефикасно сопирање се грижат два диска, а опремата содржи LED светла, потоа држач за мобилен телефон, USB приклучоци и посебна ARIV eBike апликација.
GM планира ARIV велосипедите најпрвин да ги понуди на големите европски пазари, Германија, Белгија и Холандија по цена која се движи помеѓу 2.750 и 3.350 евра.