EV

General Motors воведува безжична контрола на батериите

Објавено на

Иднината е во струјата, а таа се пренесува преку жици. Но дали мора?!

Иако тоа е факт, во General Motors решија да развијат систем за безжична контрола и управување со батериите кој ќе се применува во нивните идни електрични возила.

Оваа технологија ќе овозможи напојување на различни модели од еден ист стандарден сет батерии, со што ќе се забрза нивното излегување на пазарот и ќе се намалат трошоците за развој, а со тоа и цената.

Безжичниот систем за електричен менаџмент воопшто не е за потценување како технолошко достигнување, бидејќи целосното електрично поврзување на сите системи на возилото, како погонски така и помошни, е доста комплицирано.

Како придобивка се очекува и порамномерно трошење на поединечните батериски ќелии, што позитивно  ќе влијае на нивниот животен век и перформансите на возилото, посебно на автономијата и брзината на полнење.

Тоа пак индиректно ќе придонесе за можност во возилата да се вградуваат пакети батерии со помал капацитет, што ќе ги намали тежината и цената, а зголеми багажниот простор.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.