EV

Geely GE11: Електрика за глобалниот пазар

Објавено на

 

излезot на глобалниот пазар кинезите се почесто го базираат врз понуда на чисто електрични возила. Geely GE11 е седан со средна големина кој е придвижуван со електромотор од 130 kW (177КС).

Развиен од партнерите и сопствените развојни центри сместени на три континенти, Geely става во редовна понуда целосно електрично возило кое ќе биде понудено на глобалниот пазар.

GE11 Compact Electric Car мерено според евроспки критериуми спаѓа во седани со средна големина. На меѓусокино растојание од 2.700 mm поставена е каросерија со димензии 4.736 x 1.804 x 1.503 mm.

Возилата кај кои под хаубата нема конвенционален мотор не мора да имаат и отвори за ладење.

Тој факт ја помага аеродинамиката која кај Geely GE11 има релативно ниска вредност од Cd=0.24, но не само тој елемент e заслужен за спорото празнење на батериите.

Внатрешноста е конципирана минималистички, при што централно место зазема големиот дисплеј преку кој се командува со бројните функции.

За својот глобален играч Geely уште додава дека GE11 носи литиум јонски батерии, електромоторот испорачува 130 kW (177 КС) кои го забрзуваат возилото до максимални (електронскo ограничени) 150 км/ч.

За цените и другите техникалии ќе мора да попричекамe уште некое време, но ако се следи кинеската филозофија на мас-продукти таа би требало да биде значително пониска од конкурентите.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.