EV
Ford-Volkswagen: електрична соработка
Ford вети доста различен електричен автомобил базиран на MEB-платформата на VW
Откако во јануари 2019 година ги објавија своите планови, Ford и Volkswagen сега и официјално се во сојуз.
Предвидено е соработката да биде на три полиња – заедничко производство на доставни и електрични возила и развој на автономни технологии.
И додека другото е јасно (идните генерации на Caddy/Transit Connect, Amarok/Ranger и Transit/Transporter ќе бидат браќа), најмногу прашања има за идниот електричен автомобил на Ford поставен на MEB-платформата на Volkswagen.
Според соопштението за јавност, предвидено е овој модел да биде понуден на европскиот пазар почнувајќи од 2023 година.
Ќе биде развиен од страна на Ford во центарот во Келн, но не е прецизирано каде ќе се произведува – се знае само дека тоа ќе биде во Европа и дека VW ќе испорача 600.000 платформи за него.
Тој изјави дека возилата на Ford базирани на MEB-платформата ќе бидат доста различни од оние на VW групата, во која спаѓаат Audi, Seat и Škoda.
„Фокусирани сме на тоа овие возила да бидат Ford, да изгледаат како Ford, да се возат како Ford и да се чувствуваат како Ford“, додаде Роули.
Користењето на електричната архитектура на VW ќе му овозможи на Ford да го забрза развојот на достапен електричен автомобил, бидејќи цената на Mustang Mach-E чија продажба ќе започне идната година, изнесува 46.900 евра.
Цената на првиот MEB-базиран електричен автомобил на Volkswagen, моделот ID.3, изнесува 30.000 евра.