Видео

Ford Territory: Ви се допаѓа ли? (ВИДЕО)

Објавено на

Ford ја рашири својата интернационална гама – од овој месец понудата на марката во Бразил, Аргентина и Филипините е збогатена со интересен модел.

Сместен во гамата меѓу EcoSport и Kuga, кросоверот со назив Territory ќе цели кон купувачите на кои им се битни и цената, и содржината.

Долг е 4,58, широк 1,94 метри и опремен со 1,5 литарски турбо мотор во Бразил со 150, а во Аргентина со 143 коњски сили.

Спарен е со CVT трансмисија која симулира осумстепен менувач и има погон само на предните тркала.

Опремата му е повеќе од солидна – електричен панорамски покрив, камери со поглед од 360°, загревани и вентилирани седишта, безжично полнење телефони, адаптивен stop&go темпомат, автоматско паркирање…

И пред да прашате дали ќе дојде и во Европа, одговорот е – да, ама како Jiangling Yusheng 330, бидејќи Territory во основа е подобрена и ребрендирана верзија на овој модел.

Кинескиот партнер на Ford, Jiangling Motors Corporation, го има развиено, како вели, почитувајќи ги интерните стандарди на Ford.

Jiangling Motors Corporation, интернационално познат како JMC, е првиот кинески производител кој се обиде да ги освои европските купувачи – уште во 2005 година.

Но заради краш-тестот на ADAC на кој освои нула ѕвездички, кариерата на моделот Landwind X6, дериват на Isuzu Rodeo односно Opel Frontera, заврши уште пред да започне.

Цената на Ford Territory во Бразил стартува од 31.000 долари, во Аргентина од 41.600, а во Кина од 15.800 долари. Jiangling Yusheng 330 е за околу десет отсто поевтин.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.