Видео
Ford Ranger Raptor – Off-road ѕверка [видео]
Ford конечно го претстави новиот Ranger Raptor, кој со својата сила и можности ќе ги надмине сите пикап возила на европскиот пазар.
За него инженерите развија поцврста шасија која освен што ќе ги поднесе поголемите оптоварувања, со подобрите возни својства ќе донесе и повисоко ниво на комфор.
За погон на овој пикап се користи 3.0 EcoBoost V6 мотор со 288 KS и 491 Nm максимален вртежен момент, развиен во соработка со перформансното одделение на марката.
Карактеристика му е што блокот е излеан од високојагленороден челик кој е за 75 отсто поцврст во однос на претходната генерација.
Теренските способности се врвни, а погонот на сите четири тркала е постојан а го контролира електрониката.
За секој случај тука се присутни и блокирањето на предниот и задниот диференцијал како и редукторот кој доаѓа како опциска можност.
Електрониката нуди седум режими на возење – Normal, Sport, Slippery, Rock Crawl, Sand, Mud/Ruts и Baja, а Trail Control системот го олеснува влечењето приколка.
Во внатрешноста покрај спортските седишта возачот ќе го дочека и новиот SYNC 4 Bang&Olufson инфозабавен систем со вертикално поставен централен екран од 12,4 инчи и 10 звучници.
Производството на Ranger за европскиот пазар ќе се одвива во фабриката на Ford во Јужна Африка, заедно со идната генерација на Volkswagen Amarok.