Во светот
Ford Mustang повторно најпродаван спортски автомобил во светот [видео]
Mustang беше и остана омилен на многу генерации, затоа и не треба да чуди што и сега кога го прославува 57-от роденден уште еднаш ја освои титулата за најпродаван спортски автомобил во светот.
И тоа по шести пат по ред, што го заслужи со ланската продажба на 80.577 примероци и освојување на пазарно учество до 15,1%.
Очекувано, Mustang најдобро се продава во Соединетите Американски Држави (61.090 примероци), а таму пак најмногу го сакаат во Тексас, каде лани за него се одлучиле 8.600 купувачи.