Актуелен Миг
Ford Kuga понудена на нашиот пазар
Целосно новата, трета генерација на Ford Kuga доаѓа со класични или мотори со хибридна технологија, избор на преден или интегрален погон и мануелна или автоматска, CVT трансмисија.
Втората генерација пристигна (2013 г.) релативно бргу, и го зацврсти уверувањето во квалитетите на претходникот.
Премиерно прикажана минатата година, сега настапува третото поколение на Kuga кое во склад со побарувањата се нуди со еколошки упристоени бензинци и дизели, но и со две варијации на хибридни изведби.
Опремата е наменски осмислена и се нуди во три пакети: Titanium, ST Line и Vignale. Внимателниот поглед на списокот на сериски достапната опрема, открива дека пакетите се значително збогатени во однос на претходникот.
Во понуда се задржани и TDCi дизелите од 1,5 (120 КС) и 2,0 со 150 или 190 KS.
Современите текови налагаат намалување на емисијата на штетни гасови, а Ford го исполнува тој услов со понуда на хибридна технологија.
Бензинецот од 2,5 литри може да вклучува чист хибриден погон или пак плаг-ин хибрид. Разликата се прави во капацитетот на батериите кои во вториот случај овозможуваат возење без емисии од cca педесет километри.
Изгледот на новата Kuga предивикува дискусии помеѓу лубителите на марката – додека едни приговараат за губење на робусноста останатите се задоволни со современата елеганција.
Новата Ford Kuga е веќе изложена во салонот на Ford во центарот на Ми-Да Гранд Моторс.