EV
Ford F 150 Lightning: Врвна понуда, популарни цени
Веднаш по официјализирање на новиот електричен пикап, Ford ги обзнани цените и го отвори списокот за нарачки.
И, не случајно, бидејќи овој пикап веќе 40 години е најпродавано возило во Америка и такво треба да остане.
Затоа и интересот со кој беше дочекана неговата електрична изведба беше голем – дури и претседателот Бајден се заинтересира за него. Постојат две изведби – првата со 426, а втората со 563 КС.
Инсталирани се во подницата на возилото и подржуваат до шест начини на полнење, а можат да се користат и за напојување надворешни уреди со струја.
Посилната верзија со 563 коњи и 1.051 Nm има воодушевувачки перформанси – до 96 km/h забрзува за 4,4 секунди.
Ослонувањето е независно, а двата мотори рапоредени на двете оски, нормално, обезбедуваат погон на сите тркала.
Патниците имаат на располагање бројни работи преземени од Mustang Mach-E, а има и два багажника, од кои изненадува тој под предниот поклопец.
Цените започнуваат од 39.974 долари без субвенции и се искачуваат до околу 90.000. Нарачките веќе започнаа да се примаат, а првите испораки се предвидени за идната пролет.