EV

Ford Explorer EV: Електрифициран истражувач

Објавено на

 

Батерискиот електричен SUV кој е изграден во тесна соработка со VW (ID.4) доаѓа во Европа со силни адути – полнењето од 10 до 80% трае само 25 минути.

Ford објави дека во Европа ќе пушти во продажба нов електричен SUV на батерии кој носи прославено име, Explorer EV.

Електричниот Explorer е изграден врз MEB платформата на Volkswagen ID.4.

За разлика од за класа поголемиот Mustang Mach-E, кој исто така е електричен SUV со пет седишта, Explorer EV ќе има квадратна предница која потсетува на класичниот Explorer.

Сепак, внатрешноста на возилото, со 14,6-инчен подвижен екран на допир и со дигитална инструмент табла, повеќе наликува на Mach-E.

Explorer EV ќе биде достапен во неколку различни опции на погони и батерии, а најистакната  варијанта, AWD која има двоен е-мотор со 340 КС и домет од 491 км.

Ford, во Explorer EV, вградува нова технологија, вклучително и системите Assisted Lane Change и Clear Exit Assist.

Од останатите особености се истакнуваат седиштата со масажа, двозонската контрола на климата, влез без клуч и електрична задна врата без рачки.

Ford допрва треба да објави информации за цените на Explorer EV, но нарачките ќе бидат достапни подоцна оваа година.

Јасните намери за целосна електрификација, компанијата ги покажува со најави дека ќе пушти уште еден EV базиран на MEB платформата, како и помала Puma EV изградена врз сопствената EV платформа.

Со својот уникатен дизајн и импресивни карактеристики, Explorer EV изгледа како силен конкурент на европскиот пазар на електрични возила.

Голема е дилемата дали европските купувачи ќе се одлучат за американски производ во ситуација кога неговиот технолошки близнак (ID.4) веќе има стекнато солидна доверба кај купувачите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.