Видео
Ford со погон на – кафе! [видео]
Приказната не е од вчера, ама за да не ја читате до утре, ние ја скративме.
Во главната улога се извесен Мартин Бакон и неговата Ford Sierra пикап, за која тој имал големи сметки за гориво.
Мучнал со главата, засукал ракави, во товарниот дел на пикапот вградил неколку котли и цевки и го преработил да работи на – кафе!
Поточно на остатоците од преработката на кафето, кои не чинат ништо зашто завршуваат во ѓубре.
Начинот на кој работи моторот на оваа Sierra не е толку едноставен како што на прв поглед звучи, но резултатот е одличен.
За да покаже дека не се шегува, Мартин Бакон постигна и гинисов рекорд – неговиот автомобил е најбрзиот во светот кој како гориво користи – кафе!
Ако мислите дека се шегуваме, погледнете го видеото.