За да ја засили својата позиција во иднината што го очекува светот на автомобилите, Ford ќе биде поделен на уште две дивизии кои засебно ќе бидат задолжени за класичните и електричните возила.
Ваквата бизнис трансформација треба да го забрза масовното производство на електрични возила и да го засили досегашното работење.
Двете дивизии ќе имаат потполно различен фокус на делување со што ќе се придонесе за независни насоки на развој и оптимално користење на ресурсите.
Ford Blue ќе продолжи со класичните возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување, а акцентот ќе биде ставен на намалување на трошоците, поедноставување на производството и подобрување на квалитетот.
Задача на Ford Model e дивизијата ќе биде да се забрзаат иновациите и зголеми обемот на производство на чисто електрични возила.
Ford Blue ќе биде задолжен и за инженерските решенија и производствените капацитети на целата компанија, а Ford Model е за софтверот и конективните технологии за сите возила.
И двата нови дела на Ford, исто како и лани издвоената Ford Pro дивизија за комерцијалните возила, ќе бидат независни правни лица и ќе имаат сопствена организациска структура.
Според деловниот план Ford до 2026 година треба да произведува повеќе од 2 милиона возила годишно, односно една третина од целокупното производство, за што ќе бидат инвестирани дури 50 милијарди долари.