EV
Ford и GM знаеле за штетното влијание на автомобилите уште пред половина век
Едно ново истражување за животната средина го покажа лошото лице на капитализмот – игнорирањето на вистината заради сопствен профит.
Имено, General Motors и Ford знаеле за влијанието што автомобилите го имаат врз климатските промени уште во шеесеттите и седумдесеттите години но целосно ги игнорирале фактите.
Со истражувањето што во САД го спроведе центарот за меѓународни еколошки прописи се успеа да се дознаат и имињата на луѓето што ги извеле овие студии.
Еден од нив бил починат, а вториот ги потврдил сомневањата дека автомобилските гиганти настапиле лицемерно и едноставно ја отфрлиле нивната работа.
На сето ова Ford и GM одговорија во ист стил, како договорени – дека не можат да коментираат нешто што наводно се случило пред половина век и дека сега инвестираат во електрификацијата за редуцирање на емисиите.
Сé до пред големата нафтена криза од седумдесеттите години, просечната потрошувачка на американските автомобили изнесуваше 18 литри на 100 километри, а денес е намалена на 10,5.