EV
Ford запре со производството на Fusion
Тукушто дознавме: случајно или не, неколку дена пред Џим Хакет да отстапи од раководната функција, Ford запрел со производството на Fusion.
Овој модел кој кај нас е познат како Mondeo, со исклучок на Mustang остана последен автомобил во гамата на американскиот производител, кој се сврте кон пикапите и SUV-моделите.
Исправна или не времето ќе покаже, но точно е дека последниве години беа тешки за Fusion, чија продажба од 2014-та наваму практично се преполови – од 307 тогаш на 166 илјади возила лани.
Засега нема слични најави за судбината на неговиот европски брат Mondeo.
Ford го произведуваше Fusion во својата фабрика во Мексико, чии капацитети од септември се отстапуваат за Bronco.
Последните примероци на Fusion во САД се продаваат по цена од околу 23 илјади долари. Цените на Mondeo во Европа стартуваат од околу 28 илјади евра.