EV
Ford до крајот на неделата ќе испорача еден милион заштитни маски
Во борбата против пандемијата Ford веќе испорача 325 илјади пластични визири за медицинските лица.
Секојдневно пристигнуваат вести за вклучување на автомобилските производители во помагање на медицинскиот персонал со апарати или опрема.
Вчерашната информација која пристигна од Ford говореше за производство на половина милион кислородни маски, а веќе денес се информира за испорачани 325 илјади пластични визири наменети за медицинскиот персонал.
Од Ford наведуваат дека до крајот на неделата бројката на произведени маски ќе достигне еден милион примероци.