EV
Ford вложува 11,4 милијарди долари во електрификацијата
Подготвувајќи се за електрификацијата на својата гама, Ford ќе вложи дури 11,4 милијарди долари во најголемата инвестиција во својата историја.
План е да се направи нов најнапреден и најефикасен производствен комплекс и уште две мега-фабрики за батерии во соработка со јужнокорејскиот SK Innovation.
Оваа фабрика веќе наречена Blue Oval City ќе се простира на површина од дури 1.500 хектари и ќе започне со работа во 2025 година.
Заедно со другите две фабриките за батерии кои ќе бидат лоцирани во Кентаки вкупно ќе бидат отворени 11.000 нови работни места.
Плановите на Ford глобално се до 2030 година автомобилите со нулти емисии да сочинуваат половина од неговата продажба.