EV

Fiat Panda: Нов имиџ за стариот лубимец

Објавено на

На 40-годишнината од раѓањето, Panda добива пет нови пакети на опрема и, што е многу поважно, му вдахнува три нови карактери.

Италијаните знаат да прават мали автомобили. Јапонците еден период сакаа да им конкурираат, но тоа во последно време им оди сé потешко.

Погледнете го само фиатовиот тандем, Panda и „500“. Ниту еден друг производител тоа не го прави подобро, ниту со шарм, ниту со употребливост а ниту со флексибилност.

Сега тие атрибути се прошируваат со варијантата Panda Sport која треба да привлече нови клинети што негуваат активен животен стил.

Од друга страна доаѓа Panda Cross која со можноста за интегрален погон нуди капацитет за излети во природа. Робусниот изглед со доминантни SUV елементи силно асоцира на вонасфалтни авантури.

Успешниот пазарен настап на Panda во минатите две години беше подржан со Panda Waze (2018) како и со Panda Wind и Panda Trussardi (2019). Таа разноврсност помогна во пласманот на преку 375 илјади едници на годишно ниво и стекнување на статус на најпродавано градско возило во Европа.

Сега палката ја презема новата Panda, која е во полна зрелост и која треба да направи квалитативен скок во однос на почитувањето на животната средина, технологијата, оригиналноста, забавата и функционалноста.

Panda со своите генијални решенија отсекогаш се истакнуваше на сите овие полиња, што и овозможија на „магичната кутија“ да се развива со текот на годините, притоа секогаш останувајќи верна на самата себе.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.