EV

Fiat 500 семејството е во одлична форма

Објавено на

Само на европскиот пазар пласманот на тричленото семејство на Fiat 500 ја достигна јубилејната бројка од три милиони примероци.

Три милионитиот примерок пласиран на европскиот пазар е моделот Fiat 500C Star. Тоа е веста на денот која доаѓа од маркетинг службите на италијанско-американската корпорација.

Основниот модел Fiat 500, надополнет со сестраниот моноволумен 500L и кросоверот 500X, најдобро се продава во родната Италија но подеднакво е баран и на пазарите на Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.

Италијаните се посебно горди на легендарниот Fiat 500 кој е олицетворение на стил и имиџ но исто така и на динамичност и окретност.

Непрекинатото осовременување и апликацијата на нови технологии, на легендата и овозможуваат вонвременска димензија регрутирајќи така постојано нови генерации на лубители.

Претставен во 2014 година и сеуште свеж и актуелен, Fiat 500X ги живее своите рекордни години. Можноста за интегрален погон (изработен во соработка со Jeep) како и двата нови мотори од серијата Fire Turbo од 1.0 и 1.3 литри со 120 односно 150 КС, искомбинирани со богати пакети на опрема, ќе умеат да ги задоволат и најистенчените вкусови.

Третиот член на семејството, 500L кој се произведува во Крагујевац, обновен е во 2017 година, носи карактер на моноволумен наменет за млади семејства, со таа разлика што сепак се работи за карактеристичен имиџ својствен само на италијанскиот производител.

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.